Владата на 148. седница ја усвои Предлог-уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи со што се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), согласно финансиските можности на фондот, соопшти Министерството за здравство.

Со измените на Уредбата се овозможува проширување на мрежата на здравствени установи во делот на аптеките и руралните аптеки, како и во делот на специјалистите на секундарно ниво на здравствена заштита.

Аптеките кои немале договор со ФЗО, отсега ќе имаат можност да склучат договор. Со овие измени, како што појаснуваат од Министерството, се надминува проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт ќе бидат подостапни за пациентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.