Приказната на момчето од Штип што собраше донации за да го смести својот татко во приватна болница, откако тој не доби кревет во државните клиники во Скопје, почна да го одврзува клопчето на вистината за тоа во каква состојба е македонското здравство во моментот.

Слична судбина имаат уште стотици пациенти од ковид-19 и нивните семејства.

„Слободен печат“ ја пренесува приказната на Михаило, нивен колега и неговата борба да стигне до лековите за неговиот татко.

Покрај непроспиените ноќи поминати во грижа за својот татко и грижата како ќе го плати скапото лекување Михајло се обидуваше де најде начин како да ја деактивира „темпираната бомба“. Како да купи Ремдесивир или Фавира, бидејќи лекарите му дадоа надеж дека постои шанса неговиот татко да преживее ако прими еден од овие лекови кои ги нема на залиха во приватната болница и покрај скапиот третман што го плаќаше.

Михајло ја немаше среќата лекот да го најде веднаш. Во тоа време во Косово имаше само таблети. Неговиот татко веќе беше на респиратор, можеше да прими терапија единствено преку инфузија.

Помина цело деноноќие. По безброј телефонски повици разбравме дека ампули Ремдесивир треба да пристигнат за неколку часа на царинскиот терминал во Косово. Михајло сè уште немаше информација точно колку ќе биде цената за една ампула, а требаше да купи седум.

Сепак нашиот колега не се двоумеше. Веднаш тргна да го купи лекот за да ја деактивира „бомбата“ што го разоруваше организмот на неговиот татко. Во меѓувреме ја дознавме и цената. Вкупната сума што требаше да ја плати изнесуваше 1400 евра. Се беше договорено, на телефонот имаше мапа како да стаса до точната адреса. На сите како да ни падна тежина и сите се надевавме дека осумдесетина километри не се далеку и Михајло бргу ќе се врати во Скопје со скапоцениот лек.

Целата сторија на „Слободен печат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.