Едната половина слави, а другата оди на гости, тоа е реченица која најчесто се слуша воочи 19 декември, кога се слави Свети Никола. Оваа година актуелната епидемиолошка ситуација бара поинаква прослава, а лекарите стравуваат токму од овој датаум. Ова се причините.

Уште од септември, српските епидемиолози на големо зборуваат каква закана е разгорувањето на корона славата, која е една од најчестите што се слави.

За тоа постојат неколку причини, а една од нив не е самата корона, туку грипот кој од тој ден скоро секој година оди во нагорна линија, потсетува српски Блиц.

Реално е да се очекува дека прво ќе имаме ковид, па грип. Но тие и не мора да бидат одвоени, може да се случат истовремено. Ковидот и сега е актуелен, а грипот обично почнува масовно да се шири околу Свети Никола. Сепак залетот на грипот може да се забележи и во февруари и март, кога вообичаено децата се враќаат на училиште, после зимскиот распуст – вели д-р Предраг Кон.

Свети Никола е време и кога голем број на луѓе од странство се враќаат во Србија, па влошувањето на епидемиолошката ситуација е повеќе од извесно. Опуштањето со храна, пијалаци и музика, би можело дополнително да им се удри од глава.

Самата слава подразбира собирање, гужва, но и гласно зборување, кои се пресудни за лесно ширење на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.