Долго чекање за преглед, недостапност на здравствени услуги, недоверба во државното здравство поради одливот на кадар во приватните болници.

Според здруженијата на пациенти ова се дел од причините кои предизвикуваат очај и депресија кај болните и нивните фамилии кои се манифестираат во насилство врз лицата во бел мантил. Дополнително пациентите се незадоволни и од ефикасноста на надлежните кои треба да го решат нивниот проблем.

Може да замислите ако имате болно дете и ако го шетате по болници долго време и сеуште не знаете што му е и ако имате терапија, а таа не ја добива или доцни, не знаете кај да го изразите незадоволството . Често пациентите се жалат кај здруженијата, во МЗ, ретко кој се жали во комисиите за права на пациенти или во ДСЗИ. Проблемот е што ретко добиваат задоволителни одговори од типот да го провериме тој и тој доктор, што се случува со здравствената услуга или еве го решението, изјави Весна Алексоска, од здружението на пациенти Живот со предизвици.

Од Комората на здравствени работници велат дека во болниците и клиниките најчесто агресивни се членовите на семејството на пациентот, а први на удар се медицинските сестри.

извор: Сител



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.