Александра Јевтиќ (47) од Трстеник, Србија конечно стигнала дома откако хирурзите на Военомедицинската академија (ВМА) во Белград успешно и го отстраниле туморот тежок 25 килограми.

Откако во почетокот на октомври Александра дошла на ВМА со туморот кој не и дозволувал да оди или да лежи и ги притискал сите внатрешни органи, никој со сигурност не можел да тврди каков ќе биде исходот од операцијата. По два и пол месеци, нејзината состојба е стабилна и таа е дома.

Операцијата траела шест часа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.