Лекарите ги предупредуваат веганите дека со својот начин на исхрана серзионо го ризикуваат своето здравје. Недостатокот на витамини кои се наоѓаат во млекото може да ги оштети нервите, велат стручните лица.
Веганската исхрана главно е здрава, но низок холестерол и е еден вид заштита од срцеви болести, но оние кои се придржуваат на овој начин на исхрана мора да сезмаат додатоци од витамин Б12. Ако тоа не го прават, тогаш ризикуваат постојано „тресење“ на нозете и рацете.
Поголемиот дел од луѓето витаминот Б12 го добива преку млекото, но замените на база на млекото немаат доволно високо ниво да ги заштитат возрасните и децата од периферна неуропатија.
Постои опасност младите да почнат да се хранат на вегански начин, но да немаат Б12 во исхраната и тоа може да ја наруши рамнотежата и да добијат сериозна неуропатија. Ако произведувачите на растително млеко го зголемат нивото на Б12 за два или три пати, тогаш нема да има проблем, сметаат експертите.
Интернет тврди дека на веганите не им требаат дополнителни дози на Б12 и дека тоа мислење не е засновано на докази. Загрижен сум што луѓето мислат дека тоа е мит. Џаини во Индија јадат веганска диета. Но, сите Џаини лекари кои ги познавам, имаат инјекции Б12, изјави Том Сандерс, професор по исхрана и диетика на „Кингс колеџ“ во Лондон.
Студиите покажале дека нивото на Б12 кај веганите е околу третина од она што е потребно.
Другите аспекти на веганската исхрана се здрави. Б12 е единствена работа за која се грижиме. Посебно е тоа важно за децата. Во еден случај, бебето кое го доела мајка со недостаток на Б12 добила неуропатија, вели Сандерс.
Веганската исхрана е богата со овошје, зеленчук и мешунки и веројатно е здрава, но веганите и понатаму може да претеруваат со слатки, колачи, чипс, пиво, сметаат научниците, а некои месни замени се и вегански колбаси.
За сега нема докази дека веганите живеат подолго.
Не постои значајна разлика во вкупната смртност на веганите и јадењата со месо, изјави Сандерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.