Не знаете како да се натерате на повеќе движење, активности, а конечно и во губењето килограми? Освен што за почеток морате да пронајдете волја за менување на животните навики постои едно едноставно движење кое може да ви помогне конечно да се придвижите.

Лекарот Џон Мортон, кој е стручњак за слабеење и водител на хирургија на универзитетот Станфорд, открил кое движење, според негово мислење, е најдобра стратегија за почнување на вежбањето. Поточно, открил кое движење, ако доволно пати го повторите,може да ви помогне да ги зајакнете мускулите на стомакот, но и да потрошите калории.

Работата е едноставна – станете од столчето најмалку 30. пати дневно.

Да, добро прочитавте.

Во интервјуто за PopSugar открил дека токму тоа движење е одличен почеток за луѓето кои не се движат доволно. Но, тоа е добар почеток исклучиво ако навистина не можете да се пофалите со добра кондиција, додека кај оние луѓе кои се физички активни нема да има никакво влијание.
Ако одлучите да ја испробате оваа вежба, внимавајте како ја правите. Имено, не заборавете кога ќе станувате да ги стегнете мускулите на стомакот и задникот, слично како кога правите клекнување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.