Лего коцка која се заглавила во ноздра на седумгодишно момче од Нов Зеланд, паднала од таму после две години, пишува „Нов Зеланд хералд“.

Самер Анвар (7) играл со своите лего коцки во 2018 година, а потоа една од ситните коцки ставил во еден од двата отвори во носот. Таткото на момчето, Мудасир Анвар, според новозеландските медиуми, изјави дека еден ден неговиот син му кажал дека изгубил една од коцките и дека таа се заглавила во неговата ноздра.

Во еден момент, мало парче Лего коцка навистина ѕиркаше од неговата ноздра. Сите се обидовме да ја извлечеме од таму, но без никаков успех, рече таткото на Самер.

Тој раскажа дека потоа тир го однеле својот син кај лекар кој не можел да најде ништо. Лекарот им рекол дека коцката веројатно е веќе испадната или некако ќе стигне до органите за варење и ќе исчезне од телото по природен пат.

Оттогаш, Самер не се пожалил, а семејството заборавило на проблемот.

Но, изминатиот викенд, Самер помирисал шеќер во прав на тортата, што го натера да кивне и едно мало црно парче излетало од носот.

Родителите велат дека момчето било изненадено и исплашено кога видело што излета од неговиот нос.

Американските медиуми кои ја пренесоа приказната пишуваат дека коцките на Лего се предмет на бројни истражувања. Едно од нив покажа дека ќе бидат потребни 1.300 години за да се распаднат пластичните коцки во океаните, а сега е познато дека им требаат две години за да „испаднат“ од ноздрите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.