Во трката што побрзо да се дојде до вакцина за корона вирусот, лабораторија во Лондон им нуди на доброволци по 4.600 долари за намерно да се заразат со вирусот и да учествуваат во истражување за наоѓање вакцина.
Според The Times, волонтерите ќе треба да земат две недели одмор од работа и ќе им биде забранет контакт со надворешниот свет.
Во секој циклус од истражувањето, по 24 волонтери ќе бидат наменски инфицирани со вирусот Covid-19.
Hvivo, компанија која го води одделението за карантин во лабораторијата во источен Лондон, е една од над 20 компании и организации од јавниот сектор што учествуваат во глобалните напори за наоѓање вакцина за Covid-19.
The Daily Star објави дека волонтерите ќе бидат инфицирани со два чести, помалку сериозни подвида на вирусот од кој досега починаа над 3.800 луѓе.
Двата подвида, познати како 0C43 и 229E, се смета дека предизвикуваат поблаги респираторни симптоми. Надежите на научниците се дека ако се најде вакцина за поблагите случаи, потоа ќе биде полесно да се справуваат со посериозните.
Заинтересираните, покрај карантинот и финансискиот надомест, може да очекуваат дека ќе им биде ограничен изборот на храна и ќе примаат некои од најсилните лекарства што постојат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.