Мутираниот свински грип е причината за големиот број смртни случаи. Според епидемиолозите годинава во земјава вирусот е поагресивен и предизвикува потешки компликации. За 2 месеци има 22 смртни случаи, што не е евидентирано последната декада, по пандемиската 2009 година кога од свински грип починаа 33 лица, објави Сител.

прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ

Вирусот на грип многу е вирулентен и претрпува чести промени, изјави прим. д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ.

Иако бројот на заболени опаѓа епидемиолозите предупредуваат дека и наредниот период можно е сеуште да има потешки случаи на заболени од грип. Најдобра превенција е вакцинацијата која според лекарите ги намалува компликациите.

Грипот е заболување од кое се умира, додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.