Постапката за јавна набавка на хибридина операциона сала, за која се обезбедни близу 1,8 милиони евра и која се планира да биде сместена на Клиниката за неврохирургија, се одвива со сериозни потешкотии, притисоци и отпори, дури и со најави на оставки на дел од членовите на комисијата што врши евалуација на понудите, дознава Плусинфо. Во моментов, набавката е во фаза на евалуација, при што се дадени само две понуди, од два светски производитела на ваква софисицтоцирана опрема – германската компанија Siemens Healthineers и американската компанија GE Healthcare.
Нервозата при евалуацијата се појавила поради формален пропуст на понудувачот Сименс, чиј застапник при отворањето на документацијата понудата не ја доставил на документ образец за понуда, туку како слободен документ, што не било прифатливо според Законот за јавни набавки. Врз членови на комисијата бил вршен притисок да се игнорира оваа формална пречка и процедурата да продолжи. Но, некои тоа го одбиле и се заканувале со оставки.
Неофицијално, суштинската пречка, сепак, е во сомневањето дека комплетната техничка спецификација за опремата што се набавува му погодува исклучиво на германскиот производител. Имено, постои битна технолошка разлика меѓу опремата што ја нудат двете компании. Двата производитела овие апарати ги испорачуваат со стандардна васкуларна операциона маса или со посебна класична операциона маса од германскиот производител Мaquet. Со употреба на првата, васкуларна маса, оперативни процедури можат да вршат не само васкуларните хирурзи, кои најчесто и ја користат ваквата опрема (во 50 отсто од случаите), туку можат да се вршат и комбинирани кардиолошки и кардиохируршки операции, а ќе можат да оперираат и абдоминални хирурзи, како и неврохирурзите, кои, пак, ваквиот вид опрема ја користат во 10 отсто од случаите. Со упоребата на вториот тип опрема, каква што е специфицирана во набавката, можат да се вршат само мал број ограничени процедури во неврохирургијата.
Целиот текст на Плусинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.