Пациентот од Куманово на 70-годишна возраст кој доцна синоќа почина на Клиниката за инфективни болести бил заболен од коронавирус, информира Министерството за здравство.

За овој пациент, Министерството за здравство информираше денеска во редовното соопштение за дневната состојба со ново дијагностицирани, починати и оздравени пациенти, со напомена дека за него се чекаат резултатите од тестирањето на ковид 19.

Неговиот резултат позитивен на ковид 19 пристигнал попладнево, а овој случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде евидентиран во утрешниот извештај.

Кумановецот бил донесен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со тешко дишење и ниска сатурација, а од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.