Докторот кој крвнички бил претепан од пациент од Мала Речица на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово, бил примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

– Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку, утрина пациент претепа доктор на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово, револтиран што лекар кај кого имале закажано термин за преглед во оваа служба, не бил на работното место. Инцидентот се случил околу 9 часот. Напаѓачот најпрвин побарал од нападнатиот лекар да му дадат потпис со изјава дека неговиот колега не бил присутен во ординацијата, тој ги одбил при што физички го нападнале.

По вториот напад докторот паднал во бесознание. Веднаш бил префлен во Клиничкиот цетнар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се вратил во нормала. Првично се работи за повреди во главата.

Од раководството на Кожно – венеричната служба, велат дека воопшто не се заштитени, ако се земе предвид фактот дека нивниот колега е претепан пред полиција.

Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.