Против шест медицински лица од струшката болница на чело со директорот, доктор Мухамед Асани, поднесена е кривична пријава за тешки дела против здравјето на луѓето, од член 217 од Кривичниот законик, објави „Слободен печат”,

Кривичната пријава до основното јавно обвинителство во Струга е поднесена од адвокатската канцеларија Јанев, застапник на Јалдз Веапоска од Дебар, жената која по извршеното пораѓање во струшката болница остана без јајник, матка и бубрег. Кривичната пријава е против доктори гинеколози, хирурзи и анестезиолози.

Случајот ја шокираше јавноста, откако родилката Јалдз Веапоска, инаку исто така медицинско лице, обзнани дека по излегувањето од болница, од операционата сала останала без органи, за кои што тврди дека не змае зошто и биле извадени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.