Кристиан Дростен, советник на канцеларката Ангела Меркел, вели дека во Германија луѓето гледаат дека болниците не се пребукирани и не разбираат зошто нивните продавници мора да бидат затворени, без да помислат на ситуацијата во Њујорк или Шпанија.

Во моментов единиците за интензивна нега во Германија се полупразни, па луѓето мислат дека мерките се прекумерни, вели водечкиот германски вирусолог, Кристиан Дростен, еден од главните советници на германската влада во актуелната криза.

Во интервју за британски „Гардијан“ , Дростен вели дека многумина во Германија на него гледаат како на „злобник што ја осакатува економијата“ за што добива и закани по живот, но тој е убеден ден состојбата во земјата е под контрола благодарејќи на рестриктивните мерки.

Во моментов гледаме полупразни единици за интензивна нега во Германија. Тоа е затоа што почнавме рано со дијагностика на широки основи и ја запревме епидемијата – го донесовме репродукцискиот број под еден. Сега, она што јас го нарекувам ‘превентивен парадокс’ се всади меѓу луѓето. Велат дека сме претерале во реакцијата, има политички и економски притисок за враќање во нормала. Федералниот план е за благо попуштање, но бидејќи германските сојузни држави самите носат мерки, се плашам дека ќе видиме многу креативност во интерпретацијата на планот. Се плашам дека репродукцискиот број повторно ќе почне да се зголемува и ќе имаме втор бран, вели Дростен за „Гардијан“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.