Ковид-центрите добија 17 ултразвучни уреди и 17 мобилни рентген апарати кои обезбедуваат современа и модернизирана технологија на располагање на здравствените работници за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот, како и за останати заболувања.

Во текот на вчерашниот ден започна испораката и инсталација на апаратите и истите се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи во согласност со набавката на медицинската опрема, соопштија од Министерството за здравство.

Иновативните технологии на уредите е предвидено да овозможуваат поголема резолуција, да имаат напредни процесори за пренос и прием на сигнали, како и високочувствително и прецизно дијагностицирање преку ехо системот.

Сите овие параметри, значително го подобруваат дијагностичкото искуство. Моторизираниот дигитален систем за снимање на Х-зраци со интелегентна подвижност, како и бионичкиот манипулатор кој создава најширок опсег на покриеност, ги задоволува посакуваните параметри во иновативното клиничко опкружување.

Со поставување на ковид центрите се овозможи двојно зголемување на постојниот болнички капацитет, обезбедени се дополнителни 10.000 м2 кои беа ставени на располагање и дополнителни 624 болнички легла во тек на пандемијата.

Проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19 е финансиран од страна на заемот од Светска банка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.