Заразата со ковид-19 во Македонија повторно зема замав, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје кој се однесува на период од 18 до 24 октомври 2021 година.
Регистрирани сe 2.704 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 22,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (47,5%). Највисока неделна инциденца е регистрирана во Крива Паланка 265,2/100.000 и Кавадарци 228,9/100.000.
Тестирани се вкупно 21.461 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,2% во однос на минатата недела.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=723, 26,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=114; 4,2%). Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително зголемување кај возрасната група од 0-9 години 72,7% повеќе во однос на претходната недела.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, зголемување од 5,9% во однос на претходната недела.
Пријавени се 79 смртни случаи во 19 града во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (29). Најголем број (n=70; 88,6%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 40-49 години (4), од 50 59 години (3) и 30-30 години (2 лица).
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ моментално се хоспитализирани 514 лица, а од нив 331 се на кислородна поддршка и 27 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (60,7%), малаксаност (44,2%), кашлица (44,0%), главоболка (28,7%), мускулна болка (25,0%), болка во зголобови (20,7%) и ослабен осет за мирис и/или вкус (19,9%).
Пријавени се 687 (1,4% од пријавените во фертилен период) случаи кај бремени жени.
Во однос на коморбидитети, 33.498 лица имаат кардиоваскуларна болест, 11.257 дијабет, 4.815 се со хронична белодробна болест и 11.399 со други хронични болести.
Заклучно со 24.10.2021 вкупно се регистрирани 699 реинфекции (една втора реинфекција).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.