Со конфузијата низ целиот свет во врска со тоа како Ковид-19 му штети на срцето, израелски кардиолог вели дека ја составил најјасната слика до денес.

Болеста предизвикува уникатна шема на оштетување на десната страна на срцето, што се јавува кај двајца од секои пет хоспитализирани пациенти, според тим предводен од д-р Јишај Секели од Медицинскиот центар во Тел Авив „Сураски“.

Никој не знаеше што всушност се случило со срцето, но сега велиме дека 40 проценти од хоспитализираните пациенти страдаат од дисфункција на десната страна и дека ретко е оштетена левата страна, рече Секели за „Тајмс на Израел“. Докажавме што всушност се случува во срцето и ова е првиот чекор кон подобро разбирање на болеста во однос на срцето и поефикасно водење на идниот третман, додаде тој. Верувам дека ова е голем чекор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.