Ковид-19 можел да се ширри меѓу луѓето со години или децении пред да се појави пандемијата, открива тим од научници во новата, алармантна студија, пишув „НЗ Хералд“.

Вирусот можеби преминал од животни на луѓе, пред првпат да биде откриен во Вухан, покажа истражувањето на меѓунаордниот тим на стучњаци.

Истражувачи од Австралија, Велика Британија и САД ги барале трагите на минатото на Ковид-19 и откриле дека тој може да премине од животни на луѓе пред да биде откриен во Вухан. Научниците нагаѓаат дека тоа би можело да се случи дури пред една деценија. Студијата е објавена на 17 март во научното списание „Нејчер медисин“.

Доктор Френсис Колинс, директор на Националниот институт за здравје во САД изјави дека студијата сугерира дека коронавирусот преминал од животни на луѓе многу пред тој да биде способен за предизвика болест кај луѓето.

Со тек на годините или можеби со децении постепено еволуирал. Вирусот на крај добил способност да се шири од човек на човек и предизвика сериозни болести, опасни по живот, изјавил тој.

Овие научници не се единствени кои забележале таков тренд.

Италијанскиот професор Џузепе Ремучи забележал чудни пневмонии во Италија минатиот ноември, што значи дека вирусот можел да стигне во Европа пред некој да дознал за него. Тој изјавил дека не би бил изненаден ако некои асимптоматски преносители на заразата патувале во Кина или каде било во странство и пред декември, кога вирусот официјално се појави. Тој рече дека необичните случаи на воспаление на белите дробови во декември би можеле да значат дека вирусот веќе кружел во Ломбардија, најтешко погодениот регион во Италија уште пред луѓето да бидат свесни што се случува во Вухан.

Доктор од Пекинг кој работи во болница која лекува пациенти заболени од Ковид-19 изјави дека во неколку земји минатата година биле пријавени бројни случаи на мистериозни епидемии на пневмонија.

Ќе дојде време кога целата работа ќе излезе на виделнина, изјави доктор кој сакал да остане анонимен.

Во декември, докторите во Вухан почнале да забележуваат пораст на бројот на пациенти кои имаат мистереиозно воспаление на белите дробови. Меѓутоа, тестовите на грип и на други патогени биле негативни. Бил изолиран непознат сој и Институтот за вирусологија во Вухан го пронашол потеклото на вирусот кај лилјаците во една планинска пештера која се наоѓа на границата меѓу Кина и Мјанмар.

Тој вирус сега се шири низ целиот свет.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.