Поради коронавирусот, просечниот животен век на луѓето се намалува за 1,5-2 години, смета Анча Баранова, професорка на Одделот за системска биологија при универзитетот „Џорџ Мејсон” во Фејрфакс, Вирџинија, САД. Таа потсетува дека ковид-19 е болест од којашто човек може да се зарази повеќе од еднаш.
Болест предизвикана од коронавирус, го скратува животот – во некои случаи, и значително. Сега се решава сериозното прашање за намалувањето на просечниот животен век на луѓето како вид. Во развиените земји (според статистичките податоци) просекот е намален за 1,5 – 2 години. Причината за ова е коронавирусот, рече Баранова.
Таа објасни дека ваков заклучок може да се донесе врз основа на статистички податоци за САД, но и дека и за Русија податоци нема значително да се разликуваат. Претходно, биологот посочи дека можноста од заболување во Русија ќе се намали по надминување на прагот од 30 отсто вакцинирани луѓе.
Повеќе од 14 милиони Руси се вакцинирани против коронавирус во Русија со првата инјекција, а околу 10 милиони се целосно вакцинирани со две дози. Вакцинацијата против коронавирусот во различни области на Русија се одвива на различни начини, а имунитетот на луѓето се очекува да се постигне до есенва, изјави рускиот вицепремиер Татјана Голикова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.