Министерот за здравство Венко Филипче вели дека нема места за прием на нови пациенти со ковид-19 на инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Велес и во Куманово, и дека во Скопје прво ќе се носат на Инфективната клиника и во монтажната болница. Според него, пациентите по претходен договор од Куманово се препраќаат во Скопје, или во од Прилеп во Битола.
Во Скопје на Инфективна клиника има околу 20-тина празни места, а спремна да прими пациенти е и модуларната болница каде има 72 кревети. Во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ има 40 пациенти, но во Скопје прво ќе ги примаме пациентите на Инфективната клиника и во модуларната болница, за да може Болницата покрај делот кој е целосно наменет само за ковид пациенти да продолжи со нормална работа која е во функција од почетокот на септември, кажа министерот на прес-коференцијата во Владата.
Филипче рече дека нма места во Охрид, Гостивар и во Тетово. Во болницата во Струмица има 46 пациенти и од утре ќе се подготвува капацитеот на новото крило. Целосно е спремна болницата во Кочани, досега таму нема хоспитилизирани пациенти за тој регион. Таму има 60 кревети, 2 интернисти и 2 анестезиолози.
Во болницата во Кавадарци има 14 кревети, и значителен број на слободни кревети има во болницата во Тетово. Потребно е совесно однесување за да не ги пренатрупаме болниците“, кажа министерот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, а хоспитализирани се 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 40 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.