Глобалната програма за дистрибуција на вакцини „Ковакс“ планира да достави 520 милиони дози вакцина против коронавирус во Африка оваа година, изјави директорот на програмата, Аурелија Нгуен.

Таа на прес-конференција организирана од Светската здравствена организација за африканскиот регион рече дека програмата не е задоволна од досегашната распределба на дозите, но оти дистрибуцијата треба значително да се зголеми од септември.

Доцнењето во испраќањето на вакцината делумно се должеше на индиските ограничувања на извозот кои спречија „Ковакс“ да преземе дози од Индискиот институт „Серум“, еден од најголемите светски производители на вакцини, кои ја произведуваат вакцината Астразенека.

Нгуен рече дека „Ковакс“ досега доставила околу 25 милиони дози во 44 африкански земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.