Експерти од рускиот Државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ спроведоа истражување за можноста на коронавирусот да живее во вода.
Околу 99,9 проценти од неговите честички умираат на собна температура на водата за 72 часа“, соопшти прес-службата на Федералната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на човекот.
Како што пренесува руската агенција ТАСС, докажано е дека вирусот не се размножува во дехлорирана и солена вода, но може да се зачува.
Времето на деактивирање на новиот коронавирус директно зависи од температурата на водата.
Во вода на собна температура 90 отсто од вирусот Ковид-19 угинува во рок од 24 часа, а 99,9 отсто во рок од 72 часа, се наведува во соопштението.
Врелата вода доведува до негова целосна деконтаминација и истребување, додека во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи одржливоста.
Како што температурата на водата се зголемува, бројот на одржливи честички на вирусот значително се намалува“, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.