Се чини дека коронавирусот предизвикува изненадни мозочни удари кај оние на возраст од 30 – 40 години, јавува Си-Ен-Ен.
Според американската медиумска куќа, сѐ повеќе докази покажуваат дека инфекцијата од коронавирусот може да предизвика неприродно згрутчување на крвта, а мозочните удари се очекувана последица од тоа.
Томас Оклеи, неурохирурнг од Њујорк соопшти податоци за петмина луѓе помлади од 50 години кои се лечеле од мозочен удар, а кои имале или благи симптоми или воопшто немале на коронавирусот.
Се чини дека вирусот предизвикува силно згрутчување во големите артерии, што доведува до мозочен удар, рече Оклеи за Си-Ен-Ен.
Вели дека извештајот на неговиот тим покажува седум пати поголем број на изненаден мозочен удар кај младите пациенти во последните две недели.
Поголемиот дел од тие пациенти немале историја на болести и биле дома со благи симптоми или воопшто ги немале.
Доктор Орклеи укажува дека не е вообичаено толку млади луѓе да имаат мозочни удари, особено со големи крвни изливи во мозокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.