И кај жените и кај мажите кои прележале ковид-19 драстично се намалени можностите за зачнување, покажуваат прелиминарните резултати на истражувањето на прим. д-р Драгана Бојовиќ Јовиќ од Клиниката за гинекологија „Народен фронт“ во Србија на тема „Присуството на SARS-CoV2 во репродукртивниот материјал во периодот на опоравување“, спроведено помеѓу испитаници кои прележале ковид-19, а се во репродуктивна доба.

Кај 10 од 30 пациентки нарушувањата во менструалниот циклус се драстични, што зачнувањето е практично невозможно, а дури и да успеат, брзо би следел спонтан абортуст. Значи, третина од жените имаат проблем со стерилитетот после коронавирусот, вели докторката за „Курир.ср“.

Таа ги следела 30 жени и 15 мажи од 18 до 45 година, од периодот на опоравување, до целосно оздравување.

Кај мажите, доктор Бојовиќ Јовиќ забележала полоши резултати. Додека кај жените, коронавирусот делува негативно на репродукцијтат преку намалениот кислород, кај мажите таа навлегува и во тестисите. Само 1 од 15-те испитаници имал добар резултат на спермограмот, додека останатите во моментов не би можеле да оплодат.

(фото: Курир.рс)

Сепак, докторката смета дека ова нема да се трајни состојби, туку дека со подобрувањето на сатурацијата, како и враќањето на целокупниот респираторен капацитет, со време би требало да се поправат и хормоните. Таа ќе продолжи да ги следи и испитаниците и понатаму, по што ќе го заокружи истражувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.