Според резултатите на новата студија, мажите кои умреле од ковид-19 можеле да живеат уште најмалку 13 години, додека жените би можеле да живеат уште 11 години, пренесува „Дејли мејл“.
Оваа болест е погубна за болните од срце кои се најбројни во ризичната група на луѓе над 65 години.
Студијата ја спровел Институтот за јавно здравје во Шкотска и експерти од Универзитетот во Глазгов и во Единбург. Податоците на британската Национална служба за статистика покажуваат дека повеќето луѓе кои починале од коронавирусот имале помеѓу 75 и 84 години.
Шкотското истражување тврди дека многу од нив можеле да очекуваат години или деценија повеќе живот ако не се заразеле со вирусот. Тоа се однесува дури и на жртвите на вирусот кои страдале од хронични болести.
Студијата е заснована на истражувањата на болните во Италија и лизгачката скалата која ја осмислила Светската здравствена организација, која се користи за пресметување на тоа колку години губат луѓето поради болести.
Проучувајки ја возраста на луѓето кои починале од коронавирусот, шкотските научници откриле дека мажите во просек изгубиле 13 години живот, додека жените изгубиле 11 години живот, дури и кога се земаат предвид и нивните постоечки здравствени проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.