Коронавирусот SARS-CoV-2 потекнува од Кина, но во светот се раширил од Европа, покажува научна студија настаната како резултат на соработка меѓу научници од Универзитетот Хадерсфилд во Велика Британија и Универзитетот Минхо во Португалија. Истражувањето е објавено во специјалното издание на научното списание Microorganisms.

Се работи за обемна анализа на илјадници вирусни геноми, чии примероци биле собирани во земјите во светот. Анализирани се 27.000 геноми на вирусот. Револуционерно во оваа студија е тоа што ако досега биле истражувани миграциите во човечката историја преку митохондриска ДНК, со оваа студија се докажува дека вирусниот геном е сличен на тоа во клучните работи.

Научниците од Хадерсфилд ја мапирале дисперзијата на SARS-CoV-2 вирусот, одговорен за Ковид-19 пандемијата и дошле до заклучок дека за ширењето на пандемијата всушност главен извор била Европа, а не Кина, од која новиот коронавирус изворно се прошири во останатите делови на светот.

Во истражувањето е потврдено дека вирусот потекнува од Кина и дека на човекот преминал најверојатно од лилјаците, но и дека забраните за движење во Велика Британија и Европа биле преслаби и дека се воведени предоцна, па вирусот всушност се проширил на САД и остатокот од светот преку Европа, а не директно од Кина.

Извор: University of Huddersfield



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.