Здравите бебиња и претшколскитешколските деца ќе се вакцинираат според календарот за имунизација, информира министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција. Филипче рече дека според мислењето на Комитетот за имунизација нема пречки да се следи календарот за имунизација на здравите бебиња и деца во претшколска возраст.

Не се одложуваат вакцините кај новороденчињата и претшколските деца. Кај школските деца вакцините можат да се одложат и до 2 месеци, рече Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.