Вирусот кој го предизвикува Ковид-19 може да биде инфективен на површини како што се банкноти, екрани од телефони и нерѓосувачки челик и до 28 дена, објавија истражувачи.

Истражувањето на австралиската национална научна агенција укажува на тоа дека САРС-Ков-2 може да преживее на површини подолго отколку што се мислеше порано, пренесе Би-би-си.

Вирусот најчесто се пренесува со кашлање, кивање и разговор.

Но, експертите тврдат дека може да се шири и со честички во воздухот, како и преку површини како метал и пластика.

Претходните лабораториски студии утврдија дека вирусот може да преживее два до три дена на банкноти и стакло, а до шест дена на пластика и нерѓосувачки челик.

Најновото истражување, надевува дека вирусот е екстремно силен, дека може да преживее до 28 дена на мазни површини како стакло или пластика на екраните на мобилните телефони и банкноти на собна температура

За споредба, врусот на обичниот грип може да преживее во исти услови до 17 дена.

Експериментите се направени во темница, затоа што веќе е докажано дека УВ светлина го убива вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.