Заради позитивен тест на Ковид-19 на еден вработен во Општина Радовиш денеска нема да работи, информира градоначалникот Герасим Конзулов.

Во текот на денешниот ден ќе извршиме дезинфекција на сите простории во општинската зграда, но и за време на викендот ќе ја следиме состојбата. В понеделник ќе видиме каква е состојбата и ќе информираме дополнително за понатамошното работење, рече градоначалникот Конзулов.

Во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 10 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.