Коронавирусот, покрај кивање и кашлање, може да се пренесе и со говорење преку ситни капки наречени аеросоли. Научниците од Националниот институт за здравство на САД пресметале дека заразено лице создава повеќе од илјада аеросоли за една минута гласен говор во затворени простории, кои остануваат во воздухот најмалку осум минути.

Во литературата забележани се само три такви случаи дека во поголеми простори, како што е ресторан или канцеларија или автобус, едно лице било заразено, а потоа вирусот отишол на оддалеченост поголема од два метра и заразил лице на другиот крај, изјави епидемиологот Јасна Валиќ за Нова ТВ.

Заради аеросолите во воздухот, важно е да се избегнуваат системи за вентилација во затворен простор. Тие го вртат воздухот и на тој начин шират ситни капки што можат да стигнат до другите луѓе.

Во зимските месеци, луѓето имаат поголема веројатност да добијат респираторни заболувања, претежно вирусни, но има и многу бактериски. Причината е едноставна: во зима има промени во атмосферата што предизвикуваат луѓето да влегуваат во куќи, да се затвораат и топлат, а настануваат и промени во нашите респираторни системи. Сето ова доведува до ситуација овие вируси и бактерии полесно да се пренесуваат од една на друга личност, објасни Валиќ, но клучните фактори се имунолошкиот систем на поединецот и придржувањето кон епидемиолошките мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.