Според информации објавени во неколку медиуми, Европската агенција за лекови, ЕМА, би требало да се произнесе за поврзаноста помеѓу вакцината Астра Зенека и згрутчувањето на крвта в среда или четврток.

Иако првично ЕМА не утврди поврзаност, шефот на вакцинацијата во оваа агенција во интервју во Италија денеска изјави дека сепак постои поврзаност со тромбозите забележени во бројни земји кои ја користат оваа вакцина.

Комитетот за безбедноста на агенцијата сѐ уште истражува и анализира и за сега не е постигнат конечен став, но оттаму велат дека во среда или четврток може да се очекува заклучна експертска одлука на оваа тема.

Во меѓувреме бројни земји во ЕУ ја суспендираа вакцинацијата со Астра Зенека за лица под 55-годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.