Ројтерс објави извештај од кој се гледа дека американскиот фармацевтски џин „Џонсон & Џонсон“ со децении знаел дека продава бебешка пудра која содржи азбест.
Извештајот е објавен откако проитв компанијата беа подигнати илјадници тужби во кои се тврди дека бебешката пудра на оваа фармацевтска корпорација предизвикала карцином.
Анализата на Ројтерс покажува дека компанијата била свесна уште од 1971 година дека нејзината бебеша пудра содржи траги на азбест.
Бебешката пудра на компанијата „Џонсон & Џонсон“ е безбедна и без азбест. Текстот на Ројтерс е едностран и лажен, Едноставно речено, приказната на Ројтерс е апсурна теорија на заговор, стои во соопштението испратено од адвокатскиот тим на Џонсон & Џонсон.
Научен консензус е дека пудрата на која се базира бебешката пудра не предизвикува рак, независно што има во пудрата. Toa e вистина, па дури и ако некогаш содржела, а не содржела, азбест бебешката пудра која ја произведува „Џонсон & Џонсон“ содржела толку мали количества што е невозможно ад се детектирааат, изјавил адвокатот Питер Брик за Ројтерс.
Што, всушност открива Ројтерс?
Ројтерс ги прегледал документите на „Џонсон & Џонсон“ кои се појавуваат на судењата, од кои многу со одлука на судот биле скриени од јавноста.
Документите откриваат дека интерните тестирања на компанијата направени во 1971 година до раните 2000-ти покажале дека во суровата пудра и во готовиот прозивод понекогаш биле откриевани мали количества азбест.
Повеќето тестирања на „Џонсон & Џонсон“ не откриле азбест во суровиснакта пудра, а оние кои откриле, не се пријавени во регуларните рела.
По објавувањето на текстот на Ројтерс акциите на „Џонсон & Џонсон“ вртоглаво паѓаат на берзите, а во еден момент дури и 10 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.