„Алмеро“ донира душеци за Универзитетската клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти компанијата.

Во време на криза и вонредна состојба во нашата земја, како резултат на светската епидемија со коронавирусот и болеста КОВИД-19, компанијата „Алмеро“ излегува во пресрет на потребите за дополнително опремување на Клиниката за инфективни болести во Скопје. На денешниот состанок со министерот за здравство, Венко Филипче, менаџментот на „Алмеро“ одлучи да донира свои душеци на клиниката.

„Алмеро“ е компанија која се грижи за луѓето и навистина ни е драго што во оваа ситуација можеме со нашите производи, со душеците, да помогнеме условите на клиниката да бидат што подобри и пациентите да лежат на нови и квалитетни душеци. Искрено се надеваме дека нема да има потреба од нив во оваа ситуација, дека бројот на заболени ќе биде што е можно помал, но во случај да треба – душеците ќе бидат таму, вели Адем Агиу, менаџер на „Алмеро.

Компанијата „Алмеро“ е основана во 2003 година и е единствената специјализирана фирма за производство на душеци во нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.