Од 1 јануари годинава во ЕУ стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја бисфенол А или БПА која е присутна во термичката хартија на која се печатат фискалните сметки, броевите за ред на шалтерите во бројни институции, како и на фискалните ролни во големопродажбата. Во согласност со измените во легислативата, оваа забрана ќе започне да се применува почнувајќи од јули годинава и во соседна Србија, поради утврдената штетност, односно поради тоа што е канцерогена и предизвикува бројни заболувања.

Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како: срцеви заболувања, дијабетес, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.