Да се забрани движењето на граѓаните на територијата на целата држава во периодот од 21 до 6 часот. Ваква предлог мерка Комисијата за заразни болести доставила денес до Владата. Предлогот од страна на Комисијата доаѓа по согледување на актуелната состојба, во насока на спречување на понатамошно ширење на вирусот.
Информациите до кои дојде Скопје Инфо велат дека од ваквата одлука ќе бидат исклучени лицата кои имаат здравствени проблеми и ќе се транспортираат со возила на Итната помош. Дополнително, отстапки ќе се направат за докторите кои се вработени во јавните здравствени установи. Аптеките и такси компаниите ќе работат само со дежурство.
Директорите ќе бидат задолжени да ги усогласат смените согласно со одлуката на владата, а јавниот превоз нема да функционира за време на ограничувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.