Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок на кој ќе треба да се одлучи дали и понатаму ќе важат дел од рестрикциите, односно дали ќе има полициски час.
Засега полицискиот час, кој почна во четвртокот од 21 часот, а трае до понеделник до 5 часот, се уште важи за граѓаните на сите општини во градот Скопје, околните скопски општини Арачиново, Зелениково, Илинден, Петровец и Студеничани, во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце ќе бидат во карантин.
Во сите останати градови граѓаните и денеска можат да се движат до 16 часот. Забранета е посета на гробиштата на целата територија на државата до утре до 5 часот наутро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.