Здравствените експерти нудат совети како да се заштитите од коронавирус кога сте во маркет или трговски центар, а откриваат и колку време треба да потрошите во продавницата за безбедно да купите сè што ви треба.

Според Линзи Мар, доктор по аеросолна наука во Вирџинија Тех, половина час е вистинското време безбедно да купите сè што ви е потребно за престојните празници, имајќи предвид дека гужвите ќе се поголеми овој период.

Мајкл Остерхолм, член на советничката група за коронавирус на новоизбраниот претседател на САД, се согласува со тоа и додава дека времето на изложување на вирусот е навистина важно.

Мар советува да направите список за шопинг, да носите маска и да не го допирате лицето, како и да држите дистанца. Исто така додава дека временскиот рок од 30 минути не се заснова на одредена студија, туку на работата на експертите за вентилација и други научници кои го анализирале ширењето на вирусот.

Мар ве советува да избегнувате одење во продавница во моменти кога има најголема гужва за да го ограничите контактот со други луѓе. Не се препорачува да одите во продавница во сабота од 12 до 15 часот, бидејќи податоците на „Гугл“ тогаш повеќето луѓе одат да купуваат.

Најмалку гужва во продавниците има во понеделник во 8 часот наутро.

Мар исто така наведува дека не е потребно да ја дезинфицирате количката, туку само да внимавате да не го допирате лицето. Не е потребно да носите ракавици, доволно е да ги миете рацете веднаш откако ќе ја завршите продавницата.

Се препорачува бесконтактно плаќање, а можете да понесете и кеса или торба за храна.

Во почетокот на пандемијата, многумина исто така ја бришеа храната, плашејќи се од инфекција со коронавирус. Сепак, научниците утврдиле дека шансата да се заразат на овој начин е многу мала. Мар забележува дека дури и ако заразено лице ја допрело храната што сте ја купиле, сепак вашите раце се оние кои претставуваат поголем ризик за пренесување.

Затоа таа забележува дека миењето на рацете е клучно за да се заштитите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.