Самиот факт дека сте настинати не треба да ве плаши, возрасните настинуваат неколкупати годишно, а децата уште почесто. Она што треба да ве загрижува е времетраењето на самата настинка и симптомите кои укажуваат дека станува збор за нешто посериозно.
Просечната настинка обично трае седум до десет дена, иако повеќето луѓе мислат дека трае многу пократко.
Во една експериментална студија испитаниците биле заразени со риновирус, кој многу често предизвикува настинка. Кај четвртина од испитаниците кашлицата траела дури две недели.
Како да се ослободите од настинката
Настинка е болест за која не постои универзален лек и најчесто се препорачува подолго одморање, внесување на течности и исхрана богата со витамини. Вообичаени симптоми се течење од носот, болка во грлото, сува и непродуктивна кашлица, а понекогаш и главоболка. Важно е да се напомене дека настинката не е проследена со висока температура, односно таа не надминува 38°С.
Кога треба да се загрижите
Настинката не е опасна состојба, но доколку забележите некои од следните симптоми, препорачливо е да се консултирате со лекар.
Ако температурата надминува 38°С може да станува збор за грип, кој често предизвикува грозница. Во почетната фаза од оваа болест може да се дадат ефикасни лекови, па најдобро е да се побара стручна помош за добивање соодветен третман. Помеѓу симптомите кои укажуваат на грип се вбројува и конфузија, отежнато голтање поради болното грло, тешкотии при пиење и задржување течности во организмот.
Други сериозни симптоми се влошување на кашлицата, болка во градите која се јавува при вдишување или чувство на недостиг на воздух, односно засилување наместо намалување на симптомите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.