Терапијата со конвалесцентна плазма се покажала безбедна и ефикасна во борбата против
болести предизвикани од вирусите EBOLA и SARS. Затоа делува потенцијално ветувачки
нејзиното давање и кај пациенти со COV-2 инфекција“, вели медицинската директорка на
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Скопје, асс. мр. д-р Милена
Стевановиќ, која се обрати до своите колеги – матични лекари во однос на селектирање на
пациенти, потенцијални донори на плазма.

Таа јасно прецизира кој може да биде дарител на плазма. Дарителот, донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови:
Пред сѐ, прележана COVID-19 инфекција;
2 негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата;
Да се минимум 21 ден без симптоми;
Да се на возраст од над 18 и до 60 години;
Да се со телесна тежина над 60 кг.

Сите понатамошни иследувања би се правеле во координација со Kлиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Институтот за трансфузиона медицина. Сето горе наведено е, да потенцираме уште еднаш, за поуспешно лекување на пациентите со овој голем медицински предизвик пред сите нас, објаснува докторката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.