Како и во Македонија, и во Србија деновиве е забележан раст на бројот на заразени со ковид-19. Според директорот на КЦ Ниш, д-р Зоран Перишиќл, Клиниката за инфективни болести е практично полна со пациенти, но дека креветите се полнат и со болни од други болести. Предупредува дека кога еден ден ќе помине пандемијата со ковид, буквално сите други болести што беа присутни ќе пламнат.

Се обидуваме да работиме и на едното и на другото. Во овој момент, ние исто така опфаќаме и големи болници од југот на Србија, кои се во системот на ковид – Пирот, Лесковац, Врање. И сите тие тешки пациенти доаѓаат тука во Ниш и соодветно се згрижени тука, нагласува Перишиќ.

Тој посочува дека огромен број на пациенти се стари лица кои биле заразени од нивните помлади членови на семејството.

Тоа е класична епидемиолошка приказна што ја слушаме тука во КЦ. За жал, тоа е исто така одраз на оваа ситуација и нашето однесување. Доминира постарата популација, за жал тие се претежно меѓу оние кои фатално ја завршуваат борбата со вирусот ковид-19, има и помлади. Во овој бран е типично дека има сè повеќе пациенти со многу сериозна клиничка слика, заклучи Перишиќ.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.