Човечкиот мозок сè уште работи откако срцето ќе престане, со други зборови, мозокот знае дека сте мртви, покажува истражувањето спроеведно на Универзитетот Stony Brook School of Medicine во Њујорк. Луѓето кои умираат сепак остануваат уште некое време свесни за сè што се случува околу нив, напоменуваат научниците.

Оние кои преживеале срцев удар и „се вратиле“ после клиничката смрт, често сведочат дека знаеле што се случувало околу нив, слушале и кога лекарите го прогласувале времето на нивната смрт, односно, времето кога срцето им престанувало со работа.

Водичот на истражувањето, доктор Сем Парниа објаснил дека за време на истражувањето се покажало дека лицата кои „ќе се вратат во живот“, после тоа искуство, имаат зголемена желба да им помогнат на другите.

Во своите искуства опишуваа дека ги гледале докторите и медицинскиот персонал како работат и се обидуваат да ги спасат и дека биле свесни за тоа, вели Парниа за „Лајв сајанс“.

Докторите го прогласуваат времето на смртта кога срцето ќе престане да работи, но мозокот и понатаму е „жив“. Кога на лице со срцева слабост ќе му се даде вештачко дишење и срцева масажа за да се врати во живот, мозокот тогаш добива 50 проценти од потребниот кислорот, објаснува тој, со што се одржуваат некои негови функции.

Мозочните клетки можат да бидат активни уште неколку часа откако срцето ќе престане да работи, пишува „Дејли мејл“. Колку подолго му давате вештачко дишење и масажа на срцето, толку подолго ќе се одржи и таа делумна активност на мозоот, но на побавно ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.