Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје ги информира граѓаните дека во наредниот период, во врска со новонастанатата ситуација со КОВИД -19, ќе организира дополнителна телефонска психолошка поддршка за оние граѓани и ранливи групи на пациенти на кои овој вид помош им е потребна.

Од Клиниката за психијатрија ги посочуваат групите за кои е наменета оваа помош:

– Психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст – тел. 072912676

– Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација – тел. 072919009

– Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар тел. 070 241 807

– Пациентите закажани во Мој Термин за психолошко советување и психотерапија во закажаниот термин ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).

– Психолошка поддршка на хоспитализирани пациенти поради COVID-19 , во соработка со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

Граѓаните можат да се јавуваат на овие телефони од 9 – 16 часот, од 17.03.2020.
ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија Скопје, соопштија од Клиниката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.