На пацентите со ретки болести кои се лекуваат со орална терапија им се поделени тримесечни количини на лекови и инструкции за контроли преку дигиталните апликации, додека пациентите со болеста на Гоше, кои примаат венска терапија со ензим, ќе бидат повикани за следна терапија кога ќе се организираат оптимални услови за апликација, со ризик за изложеност кон ковид-19 еднаков скоро на нула, соопшти денеска ЈЗУ Универзитетската Клиника за хематологија од Скопје.
Во интерес на вистината, за да не се шири непотребна паника, ве известуваме дека ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија Скопје, особено се грижи за пациентите со ретки болести. Во периодот на вонредна состојба предизвикана од ширењето на ковид-19, согласно препораките за работа на Министерството за здравство, презедовме посебни мерки овие пациенти да добијат навреме терапија, а истовремено максимално да бидат заштитени од можна експозиција кон вирусот. На пациентите со ретки болести кои се лекуваат со орална терапија веднаш им беа поделени, во посебни услови на работа, тримесечни количини на лекови и инструкции за контроли во овој период преку дигиталните апликации. Пациентите со болеста на Гоше, кои примаат венска терапија со ензим, ги известивме дека кога ќе се организираат оптимални услови за апликација, со ризик за изложеност кон ковид-19 еднаков скоро на нула, ќе бидат повикани за следна терапија. Овој став беше донесен со цел максимална заштита, врз основа на светските експертски препораки, без да се наруши третирањето на основната болест. Ве информираме дека дел од пациентите со болеста на Гоше, минатата недела, согласно сите безбедносни протоколи примија терапија, а останатите ќе ја добијат во следните два дена, соопшти Клиниката за хематологија.
Оттаму изразуваат жалење поради изборот на претседателката на здружението на граѓани со ретки болести „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, да комуницира со Клиниката преку социјалните мрежи и медуми, наместо директоно со нив.
Длабоко жалиме и навистина не ги разбираме мотивите што Весна Алексовска, претседателката на здружението на граѓани со ретки болести ‘Живот со предизвици’ избра да комуницира со Клиниката преку социјалните мрежи и медуми, иако нашата врата секогаш е отворена за сите пациенти. Уште еднаш ја користиме приликата да упатиме апел до нашите пациенти и целата јавност да нѐ поддржат во заедничката борба да го сочуваме здравјето на нашите граѓани, а не беспотребно да се создава паника и страв со дезинформации. Неопходно е да бидеме разумни и одговорни и да му се верува на јавниот здравствен систем“, нагласуваат од Клиниката за хематологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.