Првото заболено лице од корона вирусот во Демир Хисар е регистрирано во мај, вториот случај во јуни, а сите останати 22 случаи овој месец. Вирусот, според демирхисарци, најверојатно се шири после погреб во Мургашево од пред две недели, ама и после изборите, каде позитивен на вирусот е и кандидат за пратеник од една политичка партија, објави „Независен“.

Заклучно со неделата (26.07) регистрирани се 24 позитивни случаи , а она што е симптоматично е што дури 22 од позитивните се заразиле во текот на овој месец. Активни се 22 случаи, а досега оздравеле само двајца, односно овој месец само еден оздравел.

Според увидот во статистиката на Министерството за здравство од 10 јули до денес во Демир Хисар се заразиле 21 лице. Односно секој ден се дијагностицира вирусот кај еден, двајца и најмногу кај тројца инфицирани.

Според статистиката на Центарот за јавно здравје во Битола до 15 јули, во Демир Хисар имало потврдени 12 случаи од кои 11 активни, а сега после само 12 дена таа бројка е удвоена.

Според наши соговорници од Демир Хисар критични се селата Мургашево, Сопотница, Журче и Слепче. Едни се заразиле од приватна фирма која се занимава со испорака на пратки, други на погреб, кај трети вирусот се шири после изборите и во кругот на семејствата, а заболен е и шалтерски работник во една филијала на банка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.