Министерството за здравство во соработка со Центарот за јавно здравје Скопје, под асистенција на Министерството за внатрешни работи, денеска ќе направи акција за земање епидемиолошки анкети од семејството на лицето кое почина во приватна болница и кое не било погребано по протокол за КОВИД-19, иако посмртниот брис му бил позитивен.
-За овој случај, директорот на Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека семејството не сакало да се тестира и да соработува со епидемиолозите, и покрај тоа што на погребот имало 200 присутни луѓе.
Во моментов, осум вработени од приватната болница се во изолација поради контактот со пациентот кој починал и кај кого посмртно му бил дијагностициран коронавирусот, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.