Очекуваме во текот на денот или утрешниот ден да стигнат материјали за тестирање и до 80 лица, се со цел детално да се скринира регионот околу Дебар и Центар Жупа, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конфренција на која информира за состојбата со коронавирусот во Македонија.
Координацијата на лекарските служби е добра, нема некаков проблем во болницата, во континуирана комуникација сме со лекарите и со директорот на болницата во Дебар. Во овој момент се тестираат седум пациенти, од кои три лица се од Дебар, кои потекнаа од вчерашните анализи, по проверките на луѓето во врска со овој кластер на пациенти и тие се луѓе кои имаат симтоми на грип. Двајца се преку Центарот за јавно здравје во Штип и двајца пациенти, кои се на Инфективната клиника. Овие четворица се со анамнеза дека патувале во Австрија, односно Германија во изминатиот период, рече Филипче.
Утрово првпат се состана и Кризниот штаб на ниво на Владата, во кој претставници на секој од ресорите ја кажа состојбата и објасни како се спроведуваат мерките на терен.
Кризната состојба во Дебар и Центар Жупа се спроведува добро, сите органи и тела и сите институции работат координирано. Во моментов нема проблем, луѓето се мирни, комплетно сфаќаат што се случува и се придржуваат до мерките. Немало никаква констатација за нарушување на јавниот ред и мир. Луѓето во овој регион, покажуваат исклучително висок степен на дисциплина, и придржување до мерките. Од овој регион може да излезат само луѓето за кои е индицирано болничко лекување и тоа со специјална дозвола од болницата во Дебар за што постои и лице назначено кое ги потпишува тие дозволи.
За денеска е закажана седница на Владата во вечерните часови, во 19:00 часот ќе се дискутира за повеќе мерки, евентуално и врз основа на одлуката на Владата ќе информирам непосредно по завршување на седницата.
Нема нов новодијагностициран пациент. Денеска е испишана првата пациентка во сосем добра клиничка состојба. Контролната слика на белите дробови, покажа дека нема големи последици, може да се упати на домашно лекување. Сите кои беа во контакт со неа се тестирани, немаат никакви симтоми и тие се практично здрави. Непроменета е состојбата на сите други 18 пациенти, од кои 13 се на Клиника за инфективни болести, а непроменета е состојбата и на пациентката на респираторна машина и таа е во стабилна состојба, додека пациентите во Дебар се со лесна клиничка слика, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.