Министерството за здравство информира дека пред дена ја отпочнало постапката за јавна набавка на градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ-приемници за потребите на 34 здравствени установи во Македонија.

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува јавна набавка за градежно-занаетчиски услуги кои ќе опфатат комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои кои се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење, поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци, замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети.

Заради подобрување на условите во кои се даваат примарните здравствени услуги Министерство за здравство спроведува и јавна набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби, велат од Министерството за здравство.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.