Она што навистина знае да оди на нерви се затнатите одводи. Потребно е повеќе време за да се реши овој проблем. Но, добро ќе ви дојде доколку го знаете овој трик. Не е потребно да купувате разни производи, туку само лимонтус и сода бикарбона.

Во затнатиот одвод сипете половина чаша лимонтус и половина чаша сода бикарбона. Потоа со тенок млаз сипете топла вода (1 чаша). Ќе се случи реакција помеѓу овие две состојки, што ќе направи појава на пена. На овој начин ќе ги разложите ситните делчиња храна и маснотии кои довеле до затнување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.