Јасни се препораките во рамките на кризното подрачје во однос на оперативниот план усвоен преку Центарот за управување со кризи. Има протокол, алгоритам на работа. Се знае како се влегува во зоната, како се дезинфицираат возилата, како се облечени луѓето. Замислите да имате необучени луѓе кои несоодветно постапуваат. Само поголема беља ќе биде тоа. Таму има стручни лица Сите тие се уходани знаат што прават”, рече министерот за здравство Венко Филипче кој е дециден дека со ситуацијата треба да се справуваат само стручни и компетентни лица, а не необучени партиски активисти.
ДУИ најави дека 10.000 активисти ќе им помагаат на граѓаните кои се во изолација по препораките на Владата. Филипче во „Утрински Брифинг” рече дека ќе биде само поголема беља.
ДУИ излезе со предлог нивни членови да помогнат во кризните подрачја, но ваков тип на акција може да предизвика ситуацијата полесно да излезе од контрола”, беше прашањето поставено до Венко Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.